Со освоени 66,3 поени, Швајцарија го зазеде првото место како најиновативна економија според последниот Извештај на Обединетите нации. Зад неа, на второ место, се најде Шведска со 63,6 поени, а над 60 поени добија уште Велика Британија и САД, на третото и na четвртото место соодветно. Највпечатлив напредок оствари Кина која за првпат се најде меѓу најдобрите 25 земји според иновативноста. Македонија, со освоени 35,4 поени, е рангирана на 58. место, а пред нас од регионот се наоѓаат Црна Гора на 51. место, Турција на 42. место, Грција на 40. место, Бугарија на 38. место, а Словенија, со освоени 46 поени, се наоѓа највисоко од земјите од регионот со освоено 32. место. Зад нас се наоѓаат Србија, Босна и Албанија кои се рангирани на 65., на 87. и на 92. место соодветно. Во критериумите за оценка, едни од поважните претставуваат квалитетот на универзитетите во соодветната земја, бројот и квалитетот на научните публикации, како и бројот на меѓународно регистрирани патенти.







