Институтот Легатум (Legatum) од Лондон го објави својот јубилеен, 10 глобален индекс на просперитет кој ја претставува листата на најпросперитетни земји во светот. Освен традиционалните фактори како што е БДП по жител или вкупен број на вработени, во својата формула институтот вметнува и фактори како што е вкупниот број на интернет-провајдери и количината на дневниот одмор на еден просечен граѓанин. Факторите потоа се групираат во девет категории – економски квалитет, работна атмосфера, власт, образование, здравство, безбедност, лична слобода, општествен капитал и природна околина. Индексот рангира 149 земји во светот, а по седум последователни години од врвот е тргната Норвешка и на нејзиното место лидер на табелата е Нов Зеланд. Кога се работи за земјите во регионот ние се наоѓаме на 53. место, пред нас се наоѓа Хрватска на 43. место, а зад нас се Србија на 66. место и Црна Гора на 58. место, додека пак Босна и Херцеговина не е влезена во трката.







