СРБИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ ГРАДАТ ГАСЕН ИНТЕРКОНЕКТОР

Министрите за енергетика на Србија и на Бугарија, Александар Антиќ и Теменушка Петкова, потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на гасен интерконектор меѓу двете земји. Според Антиќ, во договорот се дефинирани сите детали, пристапни точки, капацитети и сите останати прашања врзани за проектот, кој очекува да влезе во ИПА-програмата на Европската Унија за 2017 година од каде што се очекува тој и да се финансира. Според Петкова тие веќе имаат обезбедено 45 милиони евра за изградба на интерконекторот и од нивна страна првата фаза е веќе завршена. Според планот, интерконекторот во должина од 150 километри треба да започне да се гради во 2019 година и да почне со работа една година подоцна, кон крајот на 2020 година. Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија стана приоритет откако Русија го стопираше проектот Јужен тек. Интерконекторот треба да послужи за поврзување на југоисточниот регион на Европа со гасните капацитети од Азербејџан.

Повеќе од истиот автор

Најчитано