Според објавата на Берзата во Загреб, Кроација осигурување во целост го презеде уделот во БНП Перибас Кардиф осигурување (BNP Paribas Cardif). Вредноста на преземањето сѐ уште не е позната, а договорот за купопродажба ќе стапи на сила откако ќе биде одобрен од страна на Агенцијата за надзор на финансиските услуги на Хрватска. Француската БНП Перибас осигурување во Хрватска е присутна од јули 2007 година и претставуваше активен играч на пазарот на осигурување нудејќи бројни нови осигурителни производи. Кроација осигурување (Croatia Osiguranje) пак е една од најстарите осигурителни компании во Југоисточна Европа. Основана во 1884 година има над 130-годишна традиција. Во првото тромесечје на 2017 година групацијата Кроција осигурување остварила нето-добивка од 9,8 милиони евра, што претставува раст од 71 % во споредба со истиот период лани. На крајот на април 2017 година Кроација осигурување зазема 30,91 % од вкупната пресметана бруто полисирана премија.







