Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Потребни се: политика на привлекување странски директни инвестиции, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; политика на субвенции во земјоделството, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; активни политики на пазарот на трудот со одредени дополнувања, поддршка на мали и средни претпријатија: гаранциски шеми;но, генерално, сопоголема насоченост кон иновативните бизниси и иновативните механизми на финансирање за фирми во ИКТ-секторот.
Потребна е генерално политика на релативно ниско (т.е. умерено) ниво на оданочување, но истовремено и паралелно со сериозно рационализирање на буџетската потрошувачка; воведување фискални правила во соодветна законска рамка; зајакнување на независноста, транспарентноста и отчетноста на економските регулаторни тела; либерализација на пазарот на електрична енергијаво рамките на Европската енергетска заедница.










