ВИТАМИНКА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ГЕРМАНСКАТА ПРОГРАМА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ СКИЛ ЕКСПЕРТ

Програмата се спроведува во соработка со Делегацијата на германското стопанство во нашава земја, тело кое преку разни програми, активности и експертско „ноу-хау“ (know how) ги пренесува германските искуства и знаење кај македонските компании партнери со цел унапредување на македонската економија во целост. Дуалното образование е посебен модел на спојување на теоретската и практичната настава со што ги оспособува учениците што ќе завршат дуално стручно образование да бидат обучени веднаш по матурирањето да почнат со работа. Предноста на моделот е што практичната настава е присутна со голем процент, односно 40 отсто, а останатите 60 отсто се теоретска настава. Витаминка програмата ќе ја спроведе во соработка со Средното стручно училиште „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп. На овој начин се олеснува патот до вработувањето на младите кои завршуваат средно стручно образование, а со самото тоа се поттикнуваат младите да ги изберат токму техничките струки. Овој модел во Германија е веќе докажан и се спроведува подолго време со што дава позитивни резултати во една од најнапредните индустриски земји во светот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано