Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален „Вајбер чет“ (Viber Chat) асистент „Спарки“ (Sparky). Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на корона вирусот ковид-19, банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Вајбер, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање. Како дел од големото семејство на австриската групација на Штаермеркише Шпаркасе и Групацијата Ерсте, Шпаркасе банка Македонија континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на дигиталните услуги во Република Северна Македонија.







