Степановски: Градење партнерство меѓу општината, јавните претпријатија и приватниот сектор

Подобрувањето на комуникацијата меѓу овие 3 субјекти: Општина Битола, јавните општински претпријатија и приватниот сектор би бил многу значаен елемент во функционирањето на сите 3 субјекти, а многу позитивни резултати би имало и за самите граѓани на Општина Битола. Доколку проблемите би се решавале тековно би имало поефикасни компании, а тоа значи зголемен број на вработени, повисоки плати и повеќе средства во општината. За исполнување на оваа цел потребно би било одржување на тековни состаноци со претставници на Општина Битола, на јавните претпријатија и на засегнатиот сектор со што многу побрзо, поедноставно и поефикасно би се решавале проблемите на кои наидуваат компаниите во кои работат самите граѓани.
Со заедничко разгледување на проблемите на компаниите и имплементирање на советите од трите засегнати страни во одлучувањето би имале поефикасно решавање на проблемите и тогаш би можеле да се пофалиме дека општинската администрација и јавните општински претпријатија се грижат за градот и граѓаните.

Повеќе од истиот автор

Најчитано