Општина Тетово, како една од најголемите општини во државава, работи во континуитет за подобрување на услугите што се во корист на нејзините граѓаните. Барањата се големи, но можностите се лимитирани. Затоа се трудиме за елементарните потреби, пред сè тука ги имам предвид јавните услуги како што се: водоснабдување, чистење улици, јавно осветлување, канализација и собирање отпад и др. Ако имаме предвид дека сега во време на пандемијата нивото на плаќање е на најниско ниво, ние сепак се трудиме да го држиме ритамот како и пред пандемијата сè со цел на граѓаните да им излеземе во пресрет. Советот на Општина Тетово секој месец презема конкретни одлуки кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на животниот стандард во Општина Тетово и тие се многубројни, без да влегувам да ги набројувам сите една по една, но би издвоил некои од нив како што се: е-киосците, ослободување од плаќање на терасите за бизнис-заедницата, постојките за автобусите и др. Исто така се надевам дека и понатаму ќе продолжи финансиската поддршка од страна на државава кон општините сè со цел да им се помогне и да се излезе од оваа светска криза што веќе неколку месеци ја зафати целава планета.







