Општина Прилеп има важна улога во испораката на основните јавни услуги преку соработка на локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓанското општество. Воведувањето на одговорни практики на управување, преку ефективно и проактивно учество на граѓаните во подготовка на планови и на проекти, и во следењето на целите, на плановите и на проектите, обезбедување на транспарентност на административните активности во сите фази на управување со ресурсите, како и реализација на одржлив план за урбан и економски развој генерира можност за квалитетен живот.
Достигнувањата во овие три години се пример за вид на стабилен, чекор по чекор напредок. Ниедна општина во светот ги нема сите одговори и совршени практики. Предизвикот е да продолжиме да наоѓаме нови начини, да учиме едни од други, да ги споделуваме најдобрите практики и, што е најважно, да ги претвориме обврските што ги преземаме во вистинска и значајна акција што го подобрува секојдневниот живот на нашите граѓани. Ако го сториме тоа, можеме да бидеме сигурни дека живееме во согласност со основната вистина дека локалната самоуправа постои за да им служи на граѓаните, а не обратно.







