Локалните самоуправи во многу држави и градови се соочуваат со предизвикот да создадат зголемени приходи од локални извори на приходи преку подобрување на ефикасноста на генерирање приходи и со спроведување на иновативни механизми за генерирање приходи, фокусирајќи се на алатки засновани врз трошоци за услуги, придонеси за инфраструктура, градење на јавна доверба преку ангажирање на јавноста и целосна транспарентност, градење на локален капацитет преку обука и ангажирање на доволно ресурси.
Градењето на партнерство за одржлив развој, опфаќајќи ги националните, регионалните и локалните власти кои дејствуваат во концепт на партнери за развој, инвеститори, заедници, урбанистички дизајн и креирање на средина во која на граѓаните им се обезбедува квалитетен живот е морален императив на Општина Прилеп. Креирањето на урбана иднина со добро планирани и интегрирани политики на урбана стратегија е она што го реализира Општина Прилеп во партнерски однос со граѓаните и значи позитивна перспектива за иднината на градот.







