Општина Охрид со моментално загрозен статус на УНЕСКО неопходно е да го задржи статусот на светско природно и културно наследство за да остане на мапата на атрактивна светска туристичка дестинација со спроведување на највисоки стандарди за заштита на правните прописи и ангажирање професионални кадри. Голем број потреби и квалитетни услуги кон граѓаните општината ги обезбедува преку стабилизирање на буџетската одржливост, транспарентноста во реализацијата на буџетските програми, функционалноста на јавните претпријатија и инвестициските вложувања во образованието, спортот, туризмот, културата, како и во екологијата, односно здравата животна средина. Можноста да се унапреди реализацијата ја насочувам во зголемена фискална децентрализација во државава.
Ограничувањата во услугите на граѓаните ги лоцирам во системот на локалната самоуправа каде што е потребна професионализација на административните службеници во насока на подобрување на услугите на граѓаните преку навремено препознавање и решавање на барањата на граѓаните.
Предизвиците на локалната самоуправа се градење партнерски односи на општината со приватниот сектор и бизнис-заедницата во зависност од потребите кои се особено значајни за општината со што ќе се даде можност за вклучување на млади луѓе со енергија и знаење во решавање на проблемитете, со идеи за побрз напредок и реализација на проектите.







