Општина Гевгелија со нејзините природни богатства и нејзината местоположба со право се нарекува европска порта.
Таа денес е исправена пред предизвикот од пандемијата ковид-19 и со нетрпение очекува да започне одново прекуграничната соработка која е подеднакво важна како за локалниот економски развој така и воопшто за целокупниот живот во општината.
Не станува збор само за казината, туку и за многу стоматолошки ординации, супермаркети, дуќани и многу други дејности.
И покрај сè, децентрализацијата како трета фаза е важен процес на пренесување на надлежностите од централно на локално ниво.
Најголем предизвик на локалната самоуправа и натаму останува како до повеќе финансиски средства. Наш приоритет е континуираната заложба за зголемување на средствата од ДДВ и од персоналниот данок, без ограничувањата што ги имаме во моментов (казината и останато).
Исто така предизвик на секоја локална власт е и урбанистичкото планирање. Се надевам дека ќе се обезбедат поедноставни постапки за одобрување на урбанистичките планови или ќе се пренесат дел од надлежностите од Министерството за транспорт и врски кон општината.
Eдна од основните цели на оваа локална власт е буџетите да се носат во транспарентни постапки во две фази и да ги отсликуваат реалните потреби на граѓаните затоа што тие се директни учесници во креирањето преку јавни расправи.
Гевгелија носи белег на транспарентна, на ликвидна и одговорна општина.
Се стремиме кон зелена Гевгелија.







