Зејнулаи: Со убава соработка за поубава иднина

По мое мислење, за подобри услови за жителите од Општина Гостивар кои ќе овозможат брзо и ефикасно решавање на одредени проблеми со кои се соочуваат жителите на Општина Гостивар ќе се овозможи со ангажирање на надворешни соработници, односно повереници кои се повеќе познати во регионот каде што живеат без оглед на пол и политичка припадност, каде што тие во одреден временски период, како на пример секоја втора недела, ќе одржуваат состаноци и ќе известуваат за проблемите на таа улица или село каде што ќе бидат ангажирани. На овој начин општината ќе биде информирана и ќе има можност брзо да се реагира и да се отстрани проблемот…
Најголемата потреба за реформи во Општина Гостивар за подобрување на услугите за жителите јас ја согледувам во секторот на комунални услуги, канализација, водоснабдување и цврст отпад, јавно осветлување, чистење улици и паркови. Овие услуги се обезбедуваат преку општински претпријатија за комунални услуги. За сите овие основни и најбитни услуги треба да има сектори за комуникација со граѓаните и да ги следат поплаките и сугестиите од граѓаните и навремено да реагираат на нивните барања. Граѓаните се тие кои најдобро знаат што е она што им треба.

Повеќе од истиот автор

Најчитано