Илиев: Со визија до долгорочен развој на Велес

Направена е урбанистичката студија за развојниот период 2020 – 2035 година која се однесува на просторот на касарната „Алексо Демниевски Бауман”, западно од железничката пруга, каде што значаен процент од просторот зафаќаат градби наменети за незагадувачка лесна индустрија. Овој простор според претставената студија е предвиден за изградба на хумана населба за живеење со придружни соодветни содржини.
Студијата опфаќа реон од 80 ха наменет за живот на 4 500 граѓани, со потенцијал за отворање на 500 работни места. Идната модерна населба во Велес би вклучувала максимално функционален простор за современ урбан живот: плоштад, станбени и деловни објекти, пешачки и велосипедски патеки, интерактивни простори за социјализација на жителите, пензионерски дом, младински центар, игралишта, објекти од образование, спорт, здравство, култура, администрација и комерција и 30 % зеленило што е стандард за животна средина еднаков на оној што се применува во скандинавските земји.
Студијата во целост ги следи најзначајните стратешки документи за развој на Велес до 2030 година, Планот за одржлива урбана мобилност и Стратегијата за паметен град.
На Велес од суштинска важност му недостасуваа ваков вид студии за долгорочен развој за остварливи проекти со кои во иднина граѓаните ќе добијат поквалитететен начин на живот.

Повеќе од истиот автор

Најчитано