Ѓорѓиева: Општината е финансиски стабилна, отворена за граѓаните, транспарентна и вработените се достапни

Во изминатиов период Општина Кавадарци вложи многу за подобрување на услугите за граѓаните, но и подобрување на условите за живот, што е видливо. Општината е финансиски стабилна, отворена за граѓаните, транспарентна и вработените се достапни. Но, секогаш може подобро. Затоа сметам дека во претстојниот период треба да се овозможи континуирана обука и едукација на вработените во општината во зависност од потребите за да може да бидат секогаш во „чекор со времето“ и новите трендови на работа што ќе овозможи Општина Кавадарци да биде најпосакувано место за живеење. Пандемијата го промени начинот на живот и работа поради што и приоритетите се менуваат. Но, без разлика на тоа што и како ќе се случи, и во пресрет на локалните избори, од голема важност за општината е навремено усвојување на локалните урбанистички планови или промена на законската регулатива за да може да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и на инвеститорите.

Повеќе од истиот автор

Најчитано