Нашата визија е „Кавадарци над сите“. Кавадарци, општина на граѓани со повисок животен стандард и благосостојба преку уникатен модел на развој чија основна цел ќе биде остварување на високи, одржливи и социјално инклузивни стапки на економски раст насочени кон креирање на нови добро платени работни места за подобар и поквалитетен живот за секого. Нашиот главниот фокус e реализација на капитални инвестиции насочени кон оние инфраструктурни и енергетски проекти што ќе бидат во функција на подобрување на општите услови за живот на граѓаните. Истовремено водејќи сметка за подобрување на квалитетот на животната средина како прашање на опстанок на младите, сакаме нашите деца да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина. Паралелно со ова да се работи на зголемување на ефикасноста, на отчетноста при работењето, на транспарентноста и на подобрување на стратешкото планирање, на инфраструктурно јакнење на општината за европски квалитет на живот. Потребно е јакнење на учеството на граѓаните во процесите на одлучување преку најразлични облици и прекин на шаблонското изјаснување без притоа да се земат предвид аргументите бидејќи како што посочува големиот Волтер Липман „Кога сите мислат исто, значи никој не мисли доволно“.







