Нашата компанија како мултинационална групација се адаптира на глобалните трендови на водење бизнис со вклучување на интересите на сите засегнати страни во контекстот на организацијата: доставувачите, купувачите, сопствениците на капиталот, вработените, локалната заедница. Накусо тоа значи поставување на клучни индикатори на учинок и креирање на акциски планови со кои компанијата ќе придонесе за благосостојба на засегнатите страни и ќе го зајакне фокусот на намалување на влијанието од нејзините бизнис-процеси врз животната средина. Во таа смисла, во локалната самоуправа препознаваме партнер за развој и имплементација на стратешки иницијативи кои ќе обезбедат одржлив развој на заедницата. Освен развој на патната инфраструктура и подобрување на јавниот превоз, гледаме голем потенцијал за промоција на „зелени“ инвестиции како на пример забрзување на гасификацијата, поефикасно управување со отпадот со стимулација на можности за рециклирање и сл. Со тоа општината ќе отвори можности за нови инвестиции не само од постоечките компании туку и од нови инвеститори.







