Општината и фирмите се партнери, треба да се создадат услови едните да се обраќаат кон другите, и обратно, да се чувствуваат како дома.
Кога едните имаат проблем и бараат да се реши, да се најде начин како да се олесни, а не обратно.
Рамномерниот економски развој е клучот за раст на економијата на државно ниво.
Сведоци сме сите овие години на спротивното, концентрација во еден град.
Бизнис-заедницата апелира за поголема соработка со централната власт, буџетот на општината е мал за да се реализираат проекти за подобра бизнис-клима.
Носењето на Деталниот урбанистички план, кој исто така е поврзан со регулативите на централната власт, е клучен за развој на многу проекти со што се забрзува растот на локалната економија, во спротивно стагнира.
Потребен е развој на туристички капацитети.
На езерото Младост со најголем туристички потенцијал му недостасува современ урбанистички развоен план.
Тој би бил од пошироко значење поради фактот што тука поминува регионален пат кој не одговара на потребите на денешните туристи. Влезот и излезот од автопатот е неадекватен и небезбеден, проблем кој е решлив само во соработка со централната власт.
Лозовите насади околу езерото го даваат најдоброто вино од нашава земја, бела вода, сопот… На винарниците и на угостителските објекти потребна им е поголема афирмација и реклама од државни и меѓународни рамки.
На крај општината преку Економскиот совет треба да создаде услови на сплотеност на различните бизниси, а тие би апелирале за давање приоритети на одредени дејности.







