Дрвошанов: Можностите за развој и напредување на општината во сите сектори се големи

Во Струмица веќе 16 години локалната власт е во рацете на една политичка партија. Во тие четири мандати максимално сè е партизирано, почнувајќи од општинската админстрација, јавните претпријатија, училишта, градинки итн. Од оваа причина и усугите кои ги добиваат граѓаните се со слаб квалитет и квантитет. Значи, ако не ги тргне политиката рацете од овие институции, тешко дека сите жители ќе почувствуваат подобри услуги. Пример ќе го земам комуналното претпријатие кое е превработено со социјално ранливи сограѓани кои се примени по партиски клуч, но резултати нема, речиси сите жители од Општина Струмица имаат поплаки од нивите услуги.
Можностите за развој и напредување на општината во сите сектори се големи бидејќи Општина Струмица располага со солиден буџет и е општина која не е задолжена, односно има простор да обезбеди финансии за проекти кои значат поквалитетен живот за сите жители. Но, за тоа се разбира дека треба градоначалник кој има визија, програма и менаџерски способности. Се надевам дека наредниов месец граѓаните на локалните избори ќе изберат таков градоначалник.
Ограничувањата и предизвиците со кои веќе се соочуваме како општина е масовното иселување на млади квалитетни луѓе и цели семејства кои не ја гледаат повеќе иднината тука, односно не планираат да се вратат во родниот крај.

Повеќе од истиот автор

Најчитано