Најкратко? Продолжување на сè што е започанато.
Општина Струмица важи за лидер во нашава земја како пример за транспарентност, отчетност и одговорност. Сето ова треба и мора да продолжи, но со уште поголемо темпо за уште поголем напредок. И сето ова носи повеќе одговорност. Советот на Општина Струмица треба да се потруди за уште поголема транспарентност, во таа насока би рекол дека е неопходно седниците да се прикажуваат во живо како порано, и не само тие, туку и седниците на комисиите. Од друга страна, да се активира граѓанскиот сектор уште повеќе, а и самите граѓани во креирањето на буџетот, а Советот да ги контролира работата и програмите, рамномерно да се распределуваат средствата во сите населени места подеднакво со определување на приоритетите од страна на самите граѓани. Да продолжиме да ја градиме заедно Општина Струмица сите граѓани заедно, а Советот да ги слуша барањата на граѓаните.







