Преку постоечки, одобрен таргет базиран на научни истражувања, до 2030 година компанијата ќе ги намали емисиите за 25 %, со дополнително намалување од 50 % во следната деценија. За решавање на 90 % од емисиите што произлегуваат од активности на трети страни, компанијата ќе го прошири својот постоечки пристап за партнерство со доставувачите. Секаде каде што емисиите не можат целосно да се отстранат, бизнисот ќе ги ублажи со инвестирање во други мерки за заштита на климата. „Оваа посветеност е крајната дестинација на патувањето што го започнавме пред многу години. Целосно е усогласено со нашата филозофија да го поддржиме социо-економскиот развој на нашите заедници и да го зголемиме позитивното влијание врз животната средина“, вели извршниот директор на Кока-Кола ХБЦ Зоран Богдановиќ. Кока-Кола беше една од првите компании што се обврза и ги испорача таргетите базирани на научни истражувања. Во март оваа година, Кока-Кола ХБЦ беше прогласена како најодржлива компанија за пијалаци во светот според Индексот за одржливост на Дау Џонс, петти пат во последниве 7 години.






