Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, во соработка со најголемите комори во државата, започнува со серија едукативни настани за портфолио и индивидуални гаранции од Гарантниот фонд. Целта на настаните е запознавање со корисностите на домашните микро, мали и средни трговски друштва и големите извозни компании од гарантната шема.
Едукативните настани ќе се реализираат во периодот од 18ти до 30ти ноември 2021 година, а членките на коморите ќе можат истите да ги проследат преку организирани он-лајн линкови за кои може да се информираат во матичните комори. Распоредот на едукативните настани е следен:
18 ноември 20201 година – Стопанска комора на Северна Македонија
23 ноември 2021 година – Сојуз на стопански комори на Македонија
25 ноември 2021 година – МАСИТ
30 ноември 2021 година – Комора на Северозападна Македонија







