Крајот на 2021 година не носи со себе и крај на глобалните предизвици кои ќе продолжат и во 2022 година: глобална инфлација и регионално зголемување на каматните стапки, која, сепак, се очекува да се ублажи кон крајот на годината, несигурност во синџирите на доставувачи и ризик во целост да се задоволи побарувачката, ковид-19 ефекти итн.
И покрај сè, автомобилската индустрија во Европа ќе генерира умерен раст од дното постигнато во 2021 година. Костал Македонија е добро позициониран на бранот на електрификација за имплементирање на нови проекти и достигнување на оптимум на постоечките и влегување во Клубот 100 – извоз од над 100 милиони евра на годишно ниво.






