Годината 2022 ќе биде уште една година на рапидни промени. Треба да прифатиме дека единствена константна работа во светот е потребата од промени и покрај нашите желби за стабилизација. Начинот на кој се справуваме со промените ќе биде степен на нашата индивидуална и колективна успешност.
Сè повеќе станува јасно дека ефектите од ковид пандемијата ќе имаат продолжено дејство на здравствен, социјален и економски план со различен тип на предизвици од тоа што го гледавме до сега. Критично ќе е балансирањето на овие три димензии во насока на креирање на вредност и економски раст, особено во ситуација на крајно волатилни синџири на доставување, зголемени геополитички ризици и промена на пакетите на економскиот стимулус на глобално ниво.
Џонсон Мети Македонија ќе продолжи со силни инвестиции во знаења и трансформација во агилна и customer-centric организација базирана на транспарентност и високи перформанси. Нашата визија за почист и поздрав свет никогаш не била позначајна. Верувам во нашиот тим и сигурен сум дека ќе испорачаме зголемена продуктивност и ќе креираме траен импакт за нашата заедница.







