Најголемиот дел од земјите во светот ја согледаа опасноста од ковид-19 околу јануари 2020 година. Следствено, рестриктивните мерки започнаа да се воведуваат околу март, на крајот на првиот квартал. Сепак, дури и во тие услови, доколку инвестиравте $1 000 во најголемите 500 американски компании на почетокот на 2020 година, до крајот на 2021 година вашата инвестиција ќе вредеше $1 476, односно принос од речиси 48 % за две години. За споредба, на македонската берза истата инвестиција ќе ви донесеше принос од 32 %.










