„КАМ Маркет“ е број еден маркет во Бугарија според бројот на новотворени маркети годинава

Според пишувањето на порталот марица.бг, „КАМ Маркет“ е број еден маркет во Бугарија според бројот на новотворени маркети годинава.

Според порталот, „КАМ Маркет“ отворил шест нови супермаркети на територијата на Бугарија. По него следуваат бугарскиот „Т-МАРКЕТ“ со пет отворени продавници, „Била“ и германскиот„Лидл“ со по два, а „Кауфланд“ отворил само еден маркет.

„КАМ“ е присутен на бугарскиот пазар од 2017 година кога во ноември во Софија го отвори првиот маркет. Од тогаш до денес во Бугарија има отворено вкупно 22 маркети, пишува марица.бг.

Повеќе од истиот автор

Најчитано