Умерениот оптимизам за 2022 година овој пат ќе го заменам со неутралност во однос на очекувањата за 2023 година. Сè уште не сме стигнати до врвот на инфлацијата, очекувањата за рецесија во Европа се сè поприсутни, состојбата во Украина не дава знаци за брзо и лесно решение, цените на енергентите ќе продолжат да бидат високи, а несигурноста во синџирите на доставувачи не е надмината.
Автомобилската индустрија во Европа ќе генерира благ раст од дното постигнато во 2022 година бидејќи ќе биде навистина тешко ако падот од изминативе неколку години продолжи и понатаму (и покрај сите горенаведени ризици). Костал Македонија оваа година влезе во Клубот 100 – извоз од над 100 милиони евра. Новите проекти за електрични и плаг ин (plug-in) хибридни возила во 2023 година нè ставаат во добра позиција за раст поголем од просекот во индустријата, а тоа дава надеж за млади инженери да работат со напредни технологии и производи кои се иднината на индустријата.






