2023 година ќе биде полна со неизвесност како во поглед на енергетската криза во Европа, така и во однос на затегнатите услови на меѓународните и домашните финансиски пазари.
Централните банки го започнаа циклусот на затегнување на монетарната политика преку зголемување на каматните стапки, а глобалните ЦБ и преку постепено повлекување на квантитативното олеснување. Нискиот раст и постојаноста на инфлацијата во македонската економија имаат потенцијал да се пренесат на два начина врз кредитната побарувачка на фирмите и на населението.
Toa би можело да значи повисока побарувачка за кредити од фирмите и населението во услови кога првите се соочуваат со зголемени ликвидносни потреби, а вторите со еродиран доход поради инфлацијата.
Или, пак, би значело помала кредитна побарувачка поради ваквата неизвесност и претпазливост за понатамошно задолжување во услови кога има и нагорна корекција на каматните стапки како одговор на позначајното зголемување на каматната стапка на благајничките записи од страна на НБРСМ.
Од друга страна, последните предвидувања покажуваат пооптимистички движења и очекувања за поголем раст на економијата, кои искрено се надеваме дека ќе се остварат.
Би сакала да потенцирам дека ние како банка секогаш сме подготвени да одговориме на потребите на клиентите по поволни услови и да го амортизираме евентуалниот удар од кризата.






