Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци, предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1 % и 3 %. Скромниот раст на БДП е поттикнат во најголем дел од растот кај трговијата и во помал дел од градежништвото. Индустријата забележува неутрално влијание врз растот на БДП и покрај позитивните структурни промени.







