Известување од ЈП „Градски паркинг“- Скопје за работното време на јавните паркиралишта

ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува корисниците дека за време на новогодишните и божиќните празници, поточно на 1.1.2024 (Нова година) и 8.1.2024 (прв ден Божик) на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:

– Зона А0- Водно,

– Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и

– Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

Повеќе од истиот автор

Најчитано