Растот и вложувањата во турските серии и кинематографијата придонесоа за промовирање на турскиот бренд

Глобалната побарувачка за турските телевизиски серии пораснала за 183 отсто во последните три години.

Денес речиси милијарда луѓе ширум светот гледаат турски серии, а тоа е многу важен фактор. Навистина, кога тоа го гледаме од оваа перспектива, се соочуваме со вистински успех, рече Фахретин Алтун, Шефот на Дирекцијата за комункации при Претседателството на Република Туркије, на официјалната промоција на новата серија на ТРТ „Мехмед: Султан на освојувачките походи“.

Тој во обраќањето на свеченоста во Конгресниот центар Халич во Истанбул рече дека таа серија е голем проект и значајна инвестиција. Алтун рече оти се надева дека новата серија значително ќе придонесе за турската индустрија на популарната култура, културното наследство и издавачкиот живот.

– Неодамнешниот раст и вложувањата во турските серии и кинематографијата придонесоа за турскиот бренд, рече тој, пренесе ТРТ Балкан.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано