Продажбата на топлотни пумпи минатата година во групата на 14 европски земји е намалена за 4,7 отсто, информираат од Европската асоцијација за топлотни пумпи ЕХПА. Топлотните пумпи се меѓу најважните технологии за декарбонизација во градежништвото и станбениот сектор.
По цела деценија на силен раст, во 2023 година продажбата на топлотни пумпи е намалена. Лани биле продадени 2,64 милиони топлотни апарати, со што е свртен трендот на стабилно зголемување во изминатата деценија. Забавувањето на производството, ги принудува компаниите да го намалуваат бројот на вработени или работните часови, а во најава се давање на три илјади откази.
Продажбата на топлотните пумпи ослабна во Франција, Италија, Шведска, Финска, Послка, Данска, Австрија и Швајцарија.
Намалувањето на продажбата на топлотни пумпи го доведува во прашање исполнувањето на климатските и енергетските цели на ЕУ, предупредуваат од ЕХПА. Имено, до 2030 година блокот на земји од ЕУ планира да го зголеми учеството на обновливи извори за греење на 49 отсто, а бројот на топлотни уреди, да достигне 60 милиони, пренесува Балкан грин енерџи.
фото freepic






