Куба исклучи три четвртини од јавното осветлување во период на најголема годишна потрошувачка, за да го покрие недостигот на електрична енергија. Исклучувањето на струјата за граѓаните и компаниите е долгогодишен проблем, но состојбата се влошила последниот месец поради недостигот на гориво и намалените инвестиции во одржувањето на застарената преносна мрежа, објавија медиумите во Куба.
Министерот за енергетика и рударство на состанокот на Советот на министри изјавил дека гаснењето на уличното осветлување е потребно за да се намалат рестрикциите со кои се соочува кубанските граѓани.
Куба побара помош за снабдување со основни прехранбени производи
Куба е зависна од увоз на повеќе производи и енергија, а кубанската економија е во постојан пад. Бруто домашниот производт на Куба се намали за 10 отсто во однос на 2019 година, пренесува Сеебиз.
фото freepic





