Грчките фармери најголеми одгледувачи на кози
Домашното производство на говеда во Европската Унија во втората половина на 2024 година ќе достигне 12,1 милион грла, а тоа е намалување за еден отсто во споредба со истиот период лани, објави Евростат.
Во второто полугодие во 2024 бројот на овците во ЕУ ќе биде намален за седум отсто и ќе изнесува 15,6 милиони грла. Намалување на производство се предвидува и кај одгледувачите на кози и тоа за девет отсто и нивниот број ќе достигне 2,4 милиони грла. Бројот на свињите ќе се намали за еден отсто и ќе изнесува 57,7 милиони грла.
Франција ќе остане најголем одгледувач на говеда со производство на 2,7 милиони грла. Германија е на второ место со два милиони грла, Шпанија со 1,3 милиони и Ирска со еден милион грла говеда.
Шпанија ќе биде најголем производител за свињи и овци, а Грција со кози. Грчките фармери се на прво место во ЕУ со произведени еден милион кози, а потоа следат Шпанија со 500 илјади грла и Романија со 400 илјади грла кози.
фото freepic







