Денеска во Нион беше извршена ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите и потенцијалните полуфинални двојки. Еден од најинтересните дуели ќе биде натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити.
Останатите парови се:
Арсенал – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд
ПСЖ – Барселона
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Првите четвртфинални натпревари се играат на 9 и 10 април, реваншите се на 16 и 17 април.
На денешната ждрепка исто така се одредија и полуфиналните наппревари, а тоа се:
Полуфинале:
Атлетико Мадрид/Борусија Дортмунд – ПСЖ/Барселона
Арсенал /Баерн Минхен – Реал Мадрид /Манчестер Сити
Првите полуфинални натпревари се играат на 30 април и 1 мај, реваншите се на 7 и 8 мај.
Финалето е на 1 јуни на Вембли во Лондон.







