Пораст на продажбата на нови автомобили во Европската Унија

Пазарот на автомобили во Европа во февруари забележа раст во продажбата за 10,1 отсто или за нови 883.608 возила, соопшти здружението на производители АЦЕА.

Најголем раст на продажбата на автомобили во Европската Унија, е забележан на францускиот пазар со зголемување од 13 отсто. Следува италијанскиот пазар со раст приближно од 13 отсто. Во Шпанија биле продадени повеќе автомобили за десет отсто, а германскиот пазар забележал најмал раст од околу пет отсто, пренесува Бета.

Во јануари на заедничкиот европски пазар бројот на новорегистрирани патнички автомобили се зголемил за 12 отсто. Уделот на електрични автомобили во февруари 2023 година во однос на истиот месец од 2022 година е на стабилно ниво и изнесува 12 отсто.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано