Производителите во САД не можат да ја исполнат целта за електрични автомобили

Американската влада донесе важна одлука за автомобилската индустрија

Американската влада ги измени правилата со кои производителите на автомобили беа обрзани да произведуваат повеќе електрични автомобили, а во спротивно ќе се соочеа со високи казни. Министерството за енергетика на САД одлучи да го одложи укинувањето на правилата за електрични автомобили со кои на производителите им се даваат дополнителни бодови за заштеда на гориво за секое произведено електрично возило. Оваа одлука следува по сотаноците со производителите на автомобили кои соопштија дека не можат да ја исполнат целта за зголемување на пазарниот удел на електрични автмобили на 67 отсто до 2032 година.

Со новите прописи се продолжува со поттикнување на употребата на електрични автомобили, но условите сега се пофлексибилни. На автомобилските компании им даваат време да развијат попристапни и поефикасни електрични автомобили. Ова е важно за автомобилската индустрија во САД кога продажбата на електрични автомобили се намалува бидејќи во иднина ќе може да се продаваат и автомобили со мотори за внатрешно согорување.

Поради новата одлука американските компании можат да се пренасочат кон производство на плаг-ин хибридни возила, кои ќе се движат на струја и на бензин и дизел, што се смета за добро преодно решение, пренесува Пословни.хр.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано