Тајланд воведува данок за пензионерите од Западот

Со новиот закон за даноци во Тајланд сите даночни резиденти кои ги остваруваат свои приходи во странство, а парите ги трошат во оваа азиска земја ќе мораат да плаќаат данок. Оваа одредба не се однесува само на тајландските државјани, туку и на илјадници странски државјани кои пензионерските денови ги поминуваат на Тајланд. Меѓу нив се пензионерите од Европа, пред се од Германија, кои со своите заштеди и приходи имаат пристоен пензионерски живот, за разлика од матичните земји.

Ова е многу тежок удар за германските пензионери, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска куќа Мазарс во Банкок, пренесува Тпортал.

Со оваа даночна политика не се на удар само странските пензионери, туку и бројните дигиталните номади кои со своите заштеди и приходи стекнати во странство одлучиле да живеат и да престојуваат во Тајланд.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано