Летово инфлацијата во Германија ќе падне под два отсто

Очекувањата за движењето на цените на германските компании во март се намалени на најниско ниво во последните три години, а во наредните месеци инфлацијата во Германија би требало да падне под проектираната стапка на Европската централна банка, објави институтот ИФО.

Ова лето инфлацијата ќе се намали под два отсто. Од германската перспектива, нема причина зошто ЕЦБ да не ги намали каматните стапки, изјавија од ИФО.

Инфлацијата во Германија е намалена на 2,7 отсто во февруари годинава. Креаторите на политиките на ЕЦБ се повеќе го поддржуваат ставот за намалување на каматните стапки, а прогнозите се дека тоа би се случило на состанокот кој е закажан за мај годинава, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано