Словенечката влада го одби барањето за изградба на ветерни електрани

Министерството за природни ресурси и просторно планирање на Словенија го одби барањето за издавање градежна дозвола за поставување на 35 турбини на ветер на Похорје, а инвеститорот го повлече барањето за поставување на 21 ветерна турбина на Рогла, пренесуваат медиумите во Словенија.

Ветерните турбини требаше да бидат поставени на три локации и ќе имаат инсталирана моќност од 196 МW. За да ја спречат изградбата на ветерните електрани граѓаните во Словенија основа Граѓанска иницијатива за Похорје без ветерни електрани, затоа што сметаат дека тоа би влијаело на животната средина.

Словенија пред четири години почна со постапката за изградба на првите ветерни паркови во земјата. За да ја поттикне изградбата на обновливите извори на енергија од ветер словенечката држава одобри 200.000 евра по мегават за локалните самоуправи кои ќе одобрат изградба на ветерни електрани.

Словенија е на претпоследно место во Европската Унија според инсталираните капацитети од ветерни турбини со капацитет од три мегавати. На последно место е Малта, објави порталот за енергетика Балкан грин енерџи њуз.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано