Србија продолжува со гасификацијата на домаќинствата

Од први мај годинава цената на гасот за индустриските капацитети во Србија ќе биде пониска за 15 отсто, објави денеска Душан Бајатовиќ, директор на „Србијагас“. Тој во во разговор за РТС најави и приклучување на 70.000 домаќинства на гасоводниот систем во земјата.

Долго време водевме социјална политика која не чинеше повеќе од милијарда долари, а со цел да ги заштитиме купувачите, стопанството и работните места. Од 1 мај нема да се субвенционира потрошувачката на гас, но цената од следниот месец ќе биде реална поради поволностите во договорот за набавката за следните количини на гас од странство. Сега се создадени услови за поевтинување на гасот за индустриски потреби или за субјектите кои се на слободниот пазар, изјави Бајатовиќ

Во наредниот период за Србија ќе биде гасификација на стопанските субјекти и на домаќинствата. Од минатата година на гасоводната мрежа се приклучени 25.000 лица, а наскоро ќе има и нови 12.500 приклучоци. До крајот на годинава треба да се приклучат 70.000 домаќинства, објави РТС.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано