Кина ќе биде водечка економија во светот во следните пет години со годишен раст кој ќе биде повисок од сите земји на Групата 7, се прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд. Кина ќе учествува со 21 отсто од глобалната економска активност до 2029 година, во споредба со учеството од 20 отсто на Г7, додека САД ќе оствари 12 отсто. Вкупно 75 отсто од глобалниот раст ќе биде остварен во 20 земји во светот, информираше Чајна Медиа Груп, повикувајќи се на извори на Блумберг.
ММФ ја подобри прогнозата за годинашниот раст на глобалната економија на 3,2 отсто, а тоа е за 0,1 проценентен поен во однос на проекциите во јануари годинава, пренесува НИН.
фото freepic







