На крајот на март годинава во Хрватска блокирани се сметките на 211 илјади хрватски граѓани, со вкупна главнина на долг од 2,84 милијарди евра, како и на 14 илјади деловни субјекти, чиј главен долг изнесува 728,8 милиони евра, соопшти Финансиската агенција (ФИНА).
Главниот износ што го должат граѓаните е за 4,8 отсто повеќе во однос на февруари и 20,8 отсто повеќе во однос на март 2023 година.Кога на главнината од 2,84 милијарди евра ќе се додаде долгот по основ на камата од 1,04 милијарди евра, вкупниот долг на граѓаните со блокирани сметки на крајот на март изнесува 3,88 милијарди евра.
На крајот на март се евидентирани 14.046 деловни субјекти со блокирани сметки, а главнината на нивниот долг изнесува 728,8 милиони евра, што е за 240,7 милиони евра или 49,3 отсто повеќе од март 2023 година. Каматниот долг изнесува 220,8 милиони евра, така што вкупниот долг на деловните субјекти на крајот на март изнесува 949,6 милиони евра, објави „Индекс“.
фото freepic







