Венеција од новата туристичка такса заработи милион евра

Во првите единаесет дена од воведување на новата туристичка такса за еднодневна посета на Венеција во градска каса влегоа 975.000 евра. Новата такса е воведена на 25 април годинава и изнесува пет евра за еден турист. До сега се продадени повеќе од 195.000 влезници, објави ДПА.

Еднодневната туристичка такса ќе се наплатува секоја сабота и недела до средината на јули, кога градските власти повторно ќе одлучуваат за нејзината висина. Туристите кои ќе сакаат да го посетат централното градско јадро во период од 8,30 до 16 часот треба да платат такса со скенирање на QR кодот, како доказ дека е извршено плаќањето. Доколку не ја платил таксата од пет евра, туристот ќе плати казна од 300 евра.

Венеција е меѓу најпосетените туристички дестинации во светот со 15 милиони туристи во годината.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано