Србија се вклучува во истражувањето на вселената со потпишување на меморандуми за соработка со Кина за проекти кои ќе се користат во мирновременски цели, за развој на технологија и иновации и за искоренување на сиромаштијата.
Министерската за наука на Србија Јелена Беговиќ изјави дека со овие меморандуми им се отвора вратата на српските научници за поврзување со институтите и факултетите во Кина, со кои заедно би работеле на проекти од биотехнологии до вештачка интелегенција.
Во врска со меморандумот за вклучување на Србија во истражувањето на вселената, министерката Беговиќ нагласи дека со него се предвидува изградба на станица на Месечината, во чија реализација веќе се вклучени кинеските партнери. Во другите договори за соработка се предидува развивање на модели со примена на нови технологии во земјоделството за да се намали сиромаштијата на глобално ниво.
– Ова е важно за целите кои се поврзани со одржливиот развој поставени од Обединетите нации и со иницијативата „Појас и пат“, изјави Беговиќ за Радио телевизија Србија.
Претходно Белград и Пекинг имаат постигнато договор за студиски престој на 500 студенти од Србија и за 50 научници на престижните научни институции во Кина.
фото freepic







