Германците имаат ново мото за годишен одмор

Германците патуваат многу повеќе од порано, а речиси 80 отсто од германските граѓани постари од 14 години заминуваат барем на еден одмор во текот на годината. Потрошувачката за туристичките патувања е зголемена од 73 милијарди евра во 2019 година на 87 милијарди евра во 2023 година. Германците за патување одвојуваат околу седум отсто од нето приходите на германските домаќинства, што е втора ставка во трошоците, по храната.

Според туристичките анализи во Германија, секој граѓанин во просек потрошил 1.337 евра за својот главен одмор во 2023 година.

Анке Данесбергер, вработена во туристичка агенција во Франкфурт, забележува дека годинава има голема продажба на туристичките аранжмани.

Луѓето само сакаат да отпатуваат некаде и тоа по секоја цена. Годинава владее нов тренд кај германските туристи, а тоа е резервациите за патување да ги прават многу порано. Новото мото е: што порано, тоа е поевтино, вели таа.

Германците во 2023 година отпатувале на 65 милиони патувања на одмор во траење од пет или повеќе денови. Најчесто патувале во Германија или 22 отсто од остварените туристички патувања. Но се забележува и пораст на патувањата со авион на подалечните дестинации , а најчесто на Мајорка или во Турција, пренесува „СЕЕбиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано