Во Африка расте продажбата на паметни телефони

Испораките на паметни телефони во Африка во првиот квартал годинава за прв пат во историјата ги надмина испораките на класичните мобилни телефони со тастатура. Испораките на паметни мобилни телефони во наведениот период пораснале за 17,9 отсто на меѓугодишно ниво или достигнале 20,2 милиони апарати, додека продажбата на „обичните“ телефони со тастатура се намалила за 15,9 отсто на вкупно 18,8 милиони единици, објави ИДЦ.

Јужна Африка во првиот квартал 2024 година доживеа реален раст на годишно ниво, поради растечката популарност и достапноста на кинески брендови, кои имаат конкурентски цени за мобилни телефони со напредни карактеристики, изјави Арнолд Понела, аналитичар за истражување на пазарот во ИДЦ.

Во истиот период, Нигерија забележила силен раст на побарувачката на паметните телефони од кинеските производители. Кенија ја зголеми својата пазарна позиција на трето место. Според проекциите за 2024 година, пазарот во Африка за паметни телефони ќе порасне за 5,7 отсто на годишно ниво, со тенденција на раст на продажбата во наредните пет години, пренесе „Нова економија“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано