Светските цени на храната во јуни стагнирале во однос на мај. Индексот на светските цени на прехранбените производи за јуни изнесуваше 120,06 поени, како што изнесувааше и во мај. Растот на цените на млечните производи, шеќерот и растителните масла го „покри“ падот на цените на житарките, а индексот на цените на месото е непроменет, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство во Обединетите нации (ФАО).
Индексот на цените на млечните производи во мај изнесуваше 127,8, што е зголемување за 1,2 отсто во однос на мај. Во јуни е забележал значителен пораст на цените на путерот, а цената на сирењето е незначително намалена.
Индексот на цените на житарките во јуни во просек изнесуваше 115,2 поени или бележи зголемување од три отсто во мај. Падот на цената на пченицата, пченката и другите житни култури е поради почетокот на новата жетва на северната хемисфера.
Индексот на цената на месото е непроменет во однос на мај и изнесува 116,9 поени, пренесува РТВ.
фото freepic






