Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е зголемен за 0,2 отсто.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци зa 0,2 отсто и Безалкохолни пијалаци за 2,6 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,7 отсто, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Највисок раст на цените во периодот јануари – јуни 2024 имало кај домашните јадења за 15 отсто и кај услугите за ноќевање за 11 отсто, во споредба со истиот период лани. Месото на скара поскапело за 2,3 отсто.
фото freepic







